Едномесечен притвор му е изречен на четириесет и едногодишен маж кој ненадејно ја повлекол рачната сопирачка на автомобилот кој го возела неговата сопруга (44), а тој бил на совозачкото место.

Како што јавуваат хрватските медиуми, инцидентот се случил кај Копривница. Мажот се товари дека сторил кривично дело „загрозување на живот и имот со општо опасно дело или средство“.

– Постои основано сомнение дека на 28 октомври на патот кај Копривница, како сопатник во автомобил управуван од неговата 44-годишна вонбрачна сопруга, додека возела ненадејно ја повлекол рачната сопирачка, објавија хрватските медиуми.

Поради тоа, 44-годишната жена изгубила контрола над автомобилот, кој излетал од патот.

– Предлогот за определување мерка притвор против осомничениот е прифатен поради опасност од влијание врз сведоците во постапката и повторување на кривичните дела, откриваат од хрватското Државното правобранителство, пренесува Индекс.хр.

Порталот пренесува дека сопружниците се скарале додека се возеле, па мажот наеднаш ја повлекол рачната сопирачка. Засега не е познат мотивот за кавгата.