Грција остана шокирана од трагичен случај кој утрово се случи во градот Спарти каде почина младо момче.
Според информациите на ЕРТ, пет иполгодишното момче се разбудило околу 7 часот со силна главоболка, малку подоцна неговата мајка забележала дека му пени од устата и веднаш била известена Брза помош, со која бил пренесен во Општата болница во 7:45 часот наутро.
Кога детето пристигнало во болницата имало мидријаза во очите (проширување на зениците) и покрај натчовечките напори на медицинскиот и болничкиот персонал од болницата, нешто по 9 часот починало.
Според она што досега е познато, детето немало медицинска историја.
Полициската управа на Лаконија ја отфрли можноста за кривично дело, додека лекарскиот вештак на болницата нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на малото дете.
Обдукцијата ќе се изврши во четврток на 18 август.
Be the first to write a comment.