Дете (10) во саботата на плажа во популарното хрватско туристичко место Рогозница било каснато од огнен црв. До несреќата дошло како последица на играње во плитко, а момчето завршило во итната медицинска помош, пишува хрватскиот портал 24 сата.

Мајката на детето раскажа како се случило се’.

– Шимун беше во плиткото со еден куп други деца. Црвот само него го касна. Веднаш по каснувањето почувствувал силно чувство на печење и му се појавиле плускавци на раката. На местото на каснувањето имаше еден куп мали иглички, како распрснато стакло, кои го шират отровот. Го однесов во итната медицинска помош бидејќи болката почна да се шири под пазувите. На Итната помош беа доста грижливи, детето доби инекција и крема против изгореници. Цел ден го печеше раката и утредента, сега е подобро – рекла мајката.

Докторката Маја Кржељ објаснува колку може да биде опасен огнениот црв. Таа вели дека се опасни бидејќи на себе имаат ситни игли, т.н влакна и лачат коктел од отрови за да го убијат пленот и дека не се опасни животни кои ги напаѓаат луѓето, ниту пак можат да скокаат врз нив.

– Станува збор за бавно движечки животни кои се хранат со ехинодерми, морски ѕвезди, анемони, односно корали, горгони, но тие се и чистачи, вели таа.

Огнените црви можат да бидат долги и до 35 см, но најчесто се 5-10 см. Во случај на блиска средба меѓу човек и огнени црви, прво мора да се отстранат боцките, кои тој ќе ги закопа во кожата на жртвата.

„Не ги допирајте ги!“

– Тие се со светли бои, а во природата ова е сигнал за другите видови дека се работи за отровно животно, па не ги допираат. Поради нивните живи бои и изглед, огнените црви може да им бидат поинтересни на луѓето, па затоа се обидуваат да ги кренат и допрат. Тогаш животното се брани и може да повреди човек, па капачите и нуркачите треба да се предупредат да не ги допираат и да ги остават на мира, објасни д-р Кржељ.

Бидете многу внимателни на плажа и обидете се да внимавате на вашите деца. А доколку забележите слични симптоми кај вашето дете, веднаш однесете го во итната медицинска помош, препорачува докторката.