Британската кралица Елизабета почина завчера на 97-годишна возраст.

Таа е родена на 21 април 1926 година и беше најдолговечниот монарх во историјата, а оваа година одбележа 70 години од владеењето. Иако причината за смртта не е објавена, познато е дека здравјето на кралицата неодамна го загрижи нејзиното семејство и медицинскиот тим со кој располагаше.

Природно е да се каже дека починала од старост, со оглед на тоа што живеела речиси цел век, но од медицинска перспектива, таквата претпоставка речиси никогаш не е точна.

Стареењето само по себе не е причина за смрт

Постои феномен познат како „геријатриски застој во развојот“, кој го проучуваат научниците, но тој е исклучително редок, како што пишува The Insider.

Кога луѓето велат дека некој умрел од старост, она што тие навистина мислат е дека умрел од болест (како пневмонија) или настан (како срцев удар) што здрав, помлад, посилен човек веројатно би го преживеал.

Ова се често тивки смртни случаи, како на пример кога срцето на една постара личност застанува во сон. Ова обично значи дека лицето доживеало срцев удар среде ноќ. Друг пример е ако постар човек случајно падне и се повреди, по што неговата состојба оди надолу.

Најчесто, постојат неколку причини

„Како што старееш, имаш поголема веројатност да заболиш од срцеви заболувања и рак“, изјави за Business Insider минатата година Ејми Ерлих, професор по клиничка медицина на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн и геријатар во медицинскиот центар Монтефиоре.

„Но, постојат и ситуации како падови кои резултираат со сериозни повреди како скршен колк. Тешко е да се опоравите од тоа кога имате 104 години“.

Ако не умираме од стареење, тогаш што е стареењето?

Луѓето не живееле секогаш доволно долго за да остарат. Умирале долго пред да почне да им се брчка кожата или да почнат да им слабеат мускулите, подлегнувајќи наместо тоа на болести за кои сега имаме вакцини, како што се туберкулоза или големи сипаници. Тие, исто така, најмногу умирале од гастроентеролошки инфекции.

Некаде во 50-тите (барем во САД и другите богати земји), луѓето почнаа да живеат речиси двојно подолго од нивните предци само еден век пред тоа. Сега голем дел, речиси половина, од животот поминуваме во старост, пред да умреме.

Студијата од 2014 година, која ги спореди стапките на смртност на 46 различни видови, покажа дека некои организми не стареат, а нивната стапка на смртност останува константна од приближно времето кога се раѓаат до моментот кога умираат. Други влегуваат во период на стареење (како оној што повеќето од нас го доживуваат околу 65-тата година) и потоа излегуваат од него и продолжуваат со својот живот.

Еден пример е „бесмртната“ хидра, ситно слатководно животно кое живее 1.400 години. Имаат еднаква веројатност да умрат на 10 години како и на 1000 години.

Или пустинската желка, која има висока стапка на смртност рано во животот, но чија стапка на смртност се намалува како што старее.

Можеме ли да го запреме стареењето или барем да го продолжиме животот?

„Стареењето не е немилосрден процес кој води до смрт“, изјави за Business Insider минатата година Мајкл Роуз, еволутивен биолог на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин и директор на неговата мрежа за експериментални истражувања на еволуцијата.

„Тоа е преодна фаза од животот помеѓу неверојатно здрава состојба и стабилизација“, рече тој.

Други истражувачи, како што е биологот и теоретичар Обри де Греј, сакаат да го искористат нашето знаење за долговечните организми за да ги продолжиме и нашите животи. Процентот на луѓе кои умираат од проблеми поврзани со возраста е висок во богатите земји, вели Де Греј.

„Апсолутно е јасно дека тоа е најважниот светски проблем.“

Но, ние не сме хидри или желки и засега не можеме да се ослободиме од стареењето. За нас стареењето е вистински процес. За среќа, многу постари луѓе сè уште можат да живеат здрав и среќен живот.

„Ако некој има 104 години и неговото здравје се влошува, не можете да очекувате многу“, вели Ерлих. „Но, за некој кој има 83 години? Можете да направите многу повеќе за него, и многу повеќе отколку што можевте пред само 10 години“, заклучи тој.