Атрактивните чирлидерки станаа неизбежен дел од спортските настани. Има многу девојки кои доаѓаат на трибините само за да се промовираат, а има и такви кои максимално сериозно го сфаќаат навивањето на трибините.

Така, една од девојките на фудбалскиот натпревар на колеџот меѓу Тенеси Волонтери и Алабама Кримсон Тајд беше толку разиграна што заборави што носи.

Фустанот во кој таа се појави очигледно не беше наменет за луди и жестоки скокови на трибините. Тоа што го носеше и се одмазди. Навивачката диво скокаше неколку секунди, камерите ја забележаа, а потоа следуваше она што ниту една жена не сака да и се случи во јавност.

Од многу скокање и падна фустанот. Градите блеснаа пред милиони гледачи покрај ТВ екраните и пред неколку фанови на трибините.

Треба да се нагласи дека девојката покажала многу добри рефлекси бидејќи со фустанот спречила уште поголема катастрофа, но не очекувала да и се случи вакво нешто.

Следниот пат оваа девојка сигурно ќе биде попаметна навивачка во иднина и ќе биде повнимателна во изборот на облеката што ќе ја носи на натпреварите.

Очигледно таа многу го сака американскиот фудбал. Таа љубов ја чинеше многу, а со едно видео се прослави на социјалните мрежи.

Ако и е утеха, нејзиниот колеџ го доби овој меч со резултат 52:49 и остана непоразен во оваа сезона на NCAA со шест победи од шест натпревари.