Очевидци на сообраќајна несреќа во која загина млада жена изјавија дека одеднаш изгубила контрола на прав пат.
Првите резултати од истрагата за страшната сообраќајна несреќа, во која во петокот на патот Прхово-Шимановци во Србија загина Мирјана Стојановиќ (34), покажаа дека таа со својот автомобил „голф“ преминала на спротивната лента и директно се забила во камионот по што излетала во каналот покрај патот.
Од силината на ударот „голфот“ на Мирјана останал целосно згмечен, а пожарникарите морале да го исечат возилото за да го извлечат нејзиното тело. Очевидец на несреќата била и Тамара Поповиќ, која во моментот на несреќата управувала со возило кое се движело зад „голфот“ на Мирјана.
– Девојката од „чист“ мир премина во спротивната лента и се заби во камионот. Тој никако не можеше да застане или да тргне на страна за да го избегне ударот, изјави Тамара.
Немало кривина
Се уште не се знае зошто Мирјана која била сама во автомобилот преминала на спротивната лента.
– Во тој дел патот е прав, нема кривини и затоа е целосна мистерија како преминала на другата страна и се судрила со камион. При ударот и се отворило воздушно перниче. Сцената беше морничава. Целиот автомобил имаше крв, а најмногу на воздушното перниче. Од силината на ударот автомобилот беше искршен и непрепознатлив. За да стигнат до несреќната жена, пожарникари морале да го исечат автомобилот. Ја извлекле од автомобилот и не давала знаци на живот – раскажува еден од очевидците и додава дека во животот не видел вака уништена кола.
Соговорникот додава дека возилото на Мирјана од силината на ударот слетало во каналот покрај патот, а камионот од другата страна ги блокирал двете ленти.
– Возачот на камионот, колку што слушнавме, не е повреден или барем не е тешко повреден. Сигурно бил потресен – додал соговорникот.
Таа се подготвувала за слава
Да потсетиме, несреќата во која загина Мирјана Стојановиќ се случила во петокот околу 9 часот на патот Прхово-Шимановци, кога тргнала кон викендица во Обреж за, според нејзиниот партнер Александар Аврамов, да се подготви летната слава Свети Никола.
Починатата Мирјана своевремено беше Мис фотогеничност на Србија и финалистка на изборот за Мис на Србија во 2007 година.
Be the first to write a comment.