Иран погуби две млади момчиња, едниот шампион во карате, а другиот тренер за деца. Мохамед Мехди Карами и Сејед Мохамад Хосеини беа обесени рано утринава, објави државната агенција Фарс.

Двајцата, кои, наводно, учествувале во протестите против режимот минатата година, беа осудени за убиство на Сејед Рухола Аџамијан, член на паравоените сили, на почетокот на ноември минатата година.

41 демонстрант се осудени на смрт во последните неколку месеци

Мохамед Хосеин Агаси, адвокат кој го бранеше Карами, објави на Твитер дека Карами не добил конечни права да разговара со своето семејство пред да биде погубен. Адвокатот додаде дека Карами во средата започнал штрајк со глад против службениците кои не му дозволувале на Агаси да го застапува.

Според иранските власти и иранските медиуми, во изминатите неколку месеци се осудени на смрт 41 демонстрант, но бројот може да биде многу поголем.

Карами (21) беше иранско-курдски карате шампион. Неговиот братучед изјави за Си-Ен-Ен дека Карами бил храбар и интелигентен млад човек кој почнал да се занимава со карате на 11-годишна возраст. Тој се приклучи на иранската младинска репрезентација и подоцна го освои националниот шампионат.

Таткото на Карами: Изгубив надеж, ми го осудија детето на смрт

Минатиот месец, родителите на Карами објавија видео на социјалните мрежи во кое ја молат државата да му го поштеди животот. Неговиот татко рече: „Мојот син е меѓу шампионите во карате на Иран, има неколку национални титули и беше четврти член на иранската репрезентација. Ве молиме откажете ја наредбата за погубување“.

Карами беше осуден на 5 декември, помалку од една недела по почетокот на судењето во Техеран за наводно убиство на паравоен член. Амнести интернешенел, независна организација за човекови права, го опиша судењето како бесмислено. Семејството на Карами тврди дека тој бил мачен во затвор и му бил забранет пристап до адвокат.

Амнести интернешнал ги објави изјавите на таткото на Карами: „Секое утро одам во суд и во затвор, а потоа бесцелно шетам по улиците.

Секоја вечер се плашам дека ќе ми ја кажат веста за погубувањето на моето дете. Изгубив надеж, го осудија моето дете на смрт и во секој момент можат да го погубат“, рекол таткото на Карами пред да биде погубен неговиот син.

Амнести интернешенел: Признанијата на осудените беа принудени

Сејед Мохамад Хосеини (20) остана запаметен по волонтерството со децата на германскиот парламентарец Је-Оне Ри, кој го застапуваше неговиот случај.

„Приказната на Хосеини е толку тажна. Тој ги загуби двајцата родители, секој четврток ги посетуваше нивните гробови. Бесплатно тренира деца“, објави Је-Оне Ри на Твитер.

Хосеини бил уапсен на пат кон гробовите на неговите родители. Уапсен е и неговиот брат и никој не контактирал со него, изјавил германскиот политичар со корејски корени. Според Амнести, Хосеини беше осуден на истото рочиште како Карами и двајца други мажи кои исто така беа осудени на смрт, Хамид Гаре-Хасалу и Хосеин Мохамади. Амнести вели дека пресудите се засновани на присилно признание.

„Пред почетокот на групното судење, државните медиуми емитуваа присилни признанија на обвинетите и ги опишаа како убијци, кршејќи ги нивните права на презумпција на невиност и ослободување од тортура и друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување“, соопшти Амнести.

ЕУ: Згрозени сме, ова е уште еден доказ за репресија

Европската унија соопшти дека е згрозена од егзекуцијата на двајцата млади луѓе.

„Ова е уште еден знак за насилната репресија на граѓанските протести од страна на иранските власти. ЕУ уште еднаш ги повикува иранските власти веднаш да престанат со практиката на изрекување и извршување на смртни казни против демонстрантите, што заслужува остра осуда“, се вели во соопштението на ЕУ.