Застрашувачки се првичните информации за 11-годишното девојче од Косово кое беше силувано од пет лица. Како што информираше министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, девојчето не било силувано само во текот на јуни и август годинава, туку многу подолго, било силувано повеќе од една година.
На денешната прес-конференција изјави дека одговорните институции не ја заштитиле жртвата, но потенцираше дека ќе биле утврдени сите пропусти, а одговорните ќе бидат казнети.
Инаку, на 27 август, пет лица, од кои двајца возрасни и тројца малолетни, наводно извршиле сексуален напад врз 11-годишно девојче кој траел седум часа. Овој случај наиде на големи реакции на јавноста, по што беа организирани и протести ширум Западен Балкан.
Be the first to write a comment.