Страшна трагедија го снајде семејство од Сремска Митровица, кога по смртта на нивниот единец З.К. (39) во септември минатата година, мајката Љ.К. (74) еден месец подоцна се самоубила со бесење на дрво во дворот од куќата, а денеска околу 11 часот таткото се самоубил на ист начин како и сопругата.

Во Блок Б во Митровица, на улицата Цар Душана денеска во утринските часови се обесил Ј.К. (69), на истото место во дворот од семејната куќа, каде во октомври минатата година се самоуби неговата сопруга.

– Страшно! Ја познававме сосетката, таа беше тивка, семејна жена. Таа и нејзиниот починат сосед работеле во Австрија и таму ја добивале пензијата. Се зборуваше дека синот со години се борел со наркоманијата, починал млад во септември минатата година. Мајка како мајка, не можеше да го прежали синот единец, умре од тага по него.

Мажот ја испратил на вечното патување во октомври минатата година. Се повлекол, не излегувал од домот, страдал за сопругата и синот.

– Не можеме да си дојдеме на себе, си го одзел животот потполно на ист начин, на исто место во дворот… трагедија – велат соседите од улицата Цара Душан, пренесува Информер.