Туристите често се подготвени да направат се’ за да обезбедат добро место на плажата и користат различни трикови и методи за да го зачуваат најдобриот можен пристап до морето, лежалката или погледот.
Најчести потези се „резервирањето“ места на плажа и лежалките со пешкири, но Грција реши да стави крај на тоа.
Со оглед на тоа што поголемиот дел од лежалките се бесплатни на плажите во таа земја, тие се одлучија на потег што ќе ги направи подостапни за граѓаните и туристите.
фотографиите кои неодамна беа објавени во групата на Фејсбук „Во живо од Грција“, направени на Атос, во близина на градот Уранополис, покажаа дека многумина немаат мерка и ограничување кога е во прашање толеранцијата.
Сцената снимена во седум часот наутро, авторот на шега ја опиша како натпреварувачки дух на балканските туристи во играта „кој побрзо, кој подобро“. На фотографијата се гледа дел од хотелската плажа каде што тогаш веќе биле зафатени сите лежалки, односно „означени“ со крпи или чанти.
„Секој ден треба да се „обезбедите“ порано, а на плажа можете да одите напладне, се додека во групата имате претприемнички ранобудник кој ревносно ги презема првите три реда“, пишува авторот од Македонија, додавајќи дека и порано видел слични ситуации, но сега забележува дека туристите тоа го прават „корпоративно“, односно дека една соба зафаќа, како што пишува, 20 лежалки и тоа – за секој случај, водејќи се од мислата: „Можеби ќе дојде уште еден наш“.
Оваа навика, всушност, им е добро позната на Грците кои решија да променат нешто во градот на Ситонија. Тие донесоа правило според кое лежалка се смета за зафатена само ако барем едно лице лежи под чадорот. Ако нема никој таму, пешкирите ќе бидат отстранети.
Нивната одлука веќе придонесе за помирна ситуација на плажата, која сега е повторно место за одмор и уживање.
Be the first to write a comment.