Песната „Лондон“ во изведба на српските пејачки Војаж и Елена Китиќ беше објавена пред четири дена и веќе го достигна првото место во трендот во регионот.

– Bebi, biće dobro. Pa zato priđi mi da vodim te u London. Ja gadan mangup, ona loži se na bonton. I nije mala, samo pijana je mnogo, гласи рефренот на песната која има над 1,7 милиони прегледи.

„Колку светски изгледаат и двајцата“, „Песната „кине“, дајте ни повеќе заеднички дуети“, „Многу чудна песна, но многу автентична. Треба да се слуша за да ви „легне“. „Тие двајца се екстра спој“, се некои на коментарите под песната на YouTube, но многумина потсетија на песната на 50 Cent „Candy Shop“ од 2005 година.

„Каква автентичност кога целата е иста како „Кенди шоп““, „Одлична песна беше пред 13 години, се сеќавам кога првпат ја слушнав“, „Очекував повеќе, песната ја најавуваат една година, чист плагијат“, напишаа незадоволните слушатели.

Инаку, Војаж покрај музиката од неодамна почна да се занимава и со актерство, а првиот актерски ангажман го имаше во серијата „Во клинч“ каде го толкува ликот на Аљоша.

Серијата беше прикажана и на овогодинешниот филмски фестивал во Сараево.