Уште еден човечки живот згасна во грчките води. Како што јавуваат медиумите од нашиот сосед, безживотно тело на средовечен маж било извлечено денеска на островот Крит.

Според информациите на cretapost, немилиот настан се случил денеска на пладне, кога 51-годишен турист чиј идентитет се уште не е познат, од непознати причини изгубил свест додека бил во морето кај местото Плакиас во Ретимно.

Несреќниот маж го забележале капачите и тој во бессознание бил извлечен на брегот. Таму лекар кој бил на плажата му укажал прва помош и потоа напорите за негово спасување продолжиле од спасувачите на медицинската помош кои излегле на местото на настанот, но за жал безуспешно.

Брзата помош го однела во болницата во Ретимно, каде што понатамошната истрага и вештачењето треба да ги расветли точните причини за неговата смрт.