Најмалку 22 лица, а 50 други беа повредени откако Русија нападна железничка станица во централна Украина во текот на вчерашниот ден. Првичните информации беа за 15 загинати, но бројката потоа порасна.

– Ударот на Русија се изврши на ден кога се одбележуваат 31 година од независноста на земјата и шест месеци од почетокот на руската инвазија, озјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пред Советот за безбедност на ОН.

„Само што добив дојава за руски ракетен напад на железничка станица во регионот Дњепропетровск (…) на вагони на станицата Чаплино. Четири вагони горат“, рече Зеленски. Чаплино е 145 километри западно од Доњецк.

Според украинскиот претседател, „спасувачите се на терен, но бројот на жртви може да биде поголем. Ова е нашиот секојдневен живот“.

Борбите сега се концентрирани во источна и јужна Украина, каде што се чини дека ниту една од страните нема никакви придобивки. Меѓутоа, Русија редовно погодува други украински градови со проектили со долг дострел, тврди Киев.

Сликите од уништувањето на железничката станица ги сподели украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, откако Киев соопшти дека Русија ја нападнала украинската станица.

Фотографиите – кои сè уште не се потврдени од Би-Би-Си – покажуваат голем број запалени шински вагони кои се чини дека претрпеле штета од пожар, како и изгорени патни возила и урнати ѕидови.

Кулеба рече дека цивили биле убиени во нападот, за кој ја обвини Русија. Русија не го коментираше наводниот напад, кој се случи на Денот на независноста на Украина и и по точно шест месеци од инвазијата на Москва.