На социјалните мрежи се појави повеќе од вознемирувачко видео на кое се гледа уште еден случај на семејно насилство во Србија, овој пат снимен на камера.
На видеото поставено на Инстаграм профилот „stop_nasilju1“ може да се види вознемирена мајка како седи на кревет со дете во раце, додека во собата има и маж кој во еден момент и приоѓа, па ја удира по носот и, како што се гледа, почнува да ја дави туркајќи ја на креветот.
Притоа, детето се уште е во прегратките на мајката и не го пушта, иако таа постојано плаче, вознемирена е и видно се плаши од насилникот.
На снимката се слуша како низ солзи му вели: Никогаш повеќе, никогаш повеќе нема да …
Профилот кој го објави видеото на платформата, во описот на видеото, апелира до сите да го споделат нецензурираното видео, и заедно да го спречиме насилството и го поставува прашањето „дали некој ќе реагира?“
Be the first to write a comment.