15-годишно момче од Брчко, Босна и Херцеговина починало како резултат на прострелна рана од истрел од воздушна пушка. Трагедијата се случила синоќа во населбата Иличка, а полицијата го истражува случајот и ги утврдува сите околности на трагедијата, пишува Klix.ba.
Имено, синоќа во 19:51 часот од Итната медицинска помош во Брчко, во локалната полиција бил пријавен настан со трагичен исход, а учесниците во настанот биле малолетни.
Според неофицијални информации, станува збор за употреба на воздушна пушка, од која со истрел е повредено 15-годишно момче, кое од здобиените повреди починало.
Секретарот на тамошното обвинителство, Самир Бегановиќ, соопшти дека оваа правосудна институција е информирана за инцидентот и дека во соработка со полицијата интензивно ги презема потребните мерки и дејствија за утврдување на сите релевантни околности за смртта на малолетникот.
„Под надзор на дежурниот обвинител, извршена е истрага, одземени се предмети кои може да се користат како доказ во понатамошниот тек на постапката, а наредена е и обдукција и други вештачења за да се утврди без сомнение начинот на повреда и причина за смртта на жртвата“, изјавил Бегановиќ.
Поради заштита на интересите на постапката, обвинителството во овој момент не можеше да објави повеќе информации за самиот настан на тамошните медиуми.
Be the first to write a comment.