Малолетникот кој беше уапсен со молотови коктели на саботниот протест во Загреб, а подоцна осомничен за подготовка на тероризам, пред да оди на протестот оставил 20-тина проштални писма до родителите и членовите на семејството. Во нив напишал дека не сака да жалат по него, ниту да го спомнуваат како терорист.
По апсењето, полицијата ги пронашла тие писма при претрес во неговиот стан, па тие сега се всушност главниот доказ на полицијата и обвинителството дека сакал да ги употреби тие молотови коктели на протестот, а не само дека ги носел во неговиот ранец. Токму поради тие писма, како и снимените пораки на каналот на месинџерот Телеграм и од комуникацијата пронајдена на неговиот WhatsApp, полицијата и обвинителството го обвинија за подготвување тероризам, а не само за поседување нелегално оружје, пишува Јутарњи лист.
Иако никој не може со сигурност да каже, полицијата наводно го уапсила 17-годишникот кога од ранецот почнал да вади шишиња со запалива течност, а бидејќи на протестот биле ангажирани значителен број полицајци во цивилна облека, меѓу нив имало и криминалисти од загрепската полиција, припадници на интервентната полиција, па дури и припадник на антитерористичката единица Лучко, полицијата веднаш го опколила и го совладала сакајќи да го одвои од ранецот бидејќи не знаеле што се друго може да има во него.
И покрај тоа што бил совладан од најмалку пет силни полицајци, тој цело време грчевито се спротивставувал и буквално морале да го внесат во полициското возило, што може да се види на видеото.
Но, и на пат кон полициската станица, седумнаесетгодишникот, иако рацете му биле врзани со лисици зад грб, продолжил да се однесува агресивно.
Be the first to write a comment.