Поранешниот фудбалер на Спартак Москва и руски репрезентативец во младинските категории, Александар Козлов, почина денеска на 29-годишна возраст, соопштија медиумите од оваа држава.

Причина за ваквиот трагичен настан е срцев удар, кој се случил за време на тренинг на аматерскиот тим за кој во моментов настапувал Козлов. На несреќниот фудбалер не му помогнала првата помош, ниту масажата на срцето и вештачкото дишење, по што набрзо починал.

„Се обидовме да го реанимираме и едно врем се чинеше дека успеавме во тоа. Набрзо стигна возилото на итна помош, но Козлов набрзо потоа почина“, соопштоја сведоци на немилиот настан.

Козлов беше дел од Спартак Москва во периодот помеѓу 2010 до 2015 година, во кој одигра 28 натпревари за рускиот прволигаш. Потоа настапуваше за екипи како Химки, Тосно, Факел, Окжтепес, Дјумен, Химки, Арарат Ереван и Каса Феодосија.