На една несреќна жена во Ираклион на Крит и се случила болна авантура додека згазнала на шахта за отпадни води, едната нога и се заглавила внатре, поради што не само што не можела да се ослободи, туку имала и страшни болки.

Како што пренесува Cretapost, инцидентот се случил околу 22 часот часот во четвртокот вечерта на улицата Андреа Папандреу. Минувачите и локалните жители веднаш притрчале да ѝ помогнат на жената за да се ослободи, но болките биле ужасни и не можеле да ѝ пружат никаква помош.

Веднаш повикале пожарна служба, која пристигнала со шест лица и две возила да се справи со ситуацијата. Со кружна пила успеале да ја исечат оската и да и ја ослободат ногата на жената.