Никој досега не успеал во ова. Музичката ѕвезда Саша Матиќ одржа два големи концерти во распродадената Арена во Загреб.

Еден од најпопуларните српски фолк пејачи во рамките на турнејата „Два живота“, во две вечери ги испеа своите најголеми хитови пред 40.000 луѓе. Со ова Саша потврди дека е музички феномен, бидејќи одржал спектакуларен концерт во најголемата сала во Хрватска, а публиката си ги обезбедила билетите месеци однапред.

Ако се суди по реакцијата на публиката, може да се заклучи дека одлично го познаваат репертоарот на Матиќ, атмосферата беше одлична, а Саша ја напушти сцената преплавен од емоции. Излегувањето на Матиќ на сцената на Арената беше поздравено со громогласен аплауз. Препознатливиот музички вокал веднаш се спои со гласовите на публиката.

Следеа хитови, од постарите до песните од последниот албум на Матиќ, „Два живота“, кој првпат го изведе за хрватската публика. Заробена во виорот на емоции, публиката громогласно ги испеа речиси сите песни од почеток до крај. Нов бран на еуфорија во салата предизвикаа изненадувачките гости. Северина Вучковиќ и Милица Павловиќ кои ги изведоа дуетските песни „Море туге“ и „Око мое“, со што овој концерт стана еден од светските концерти. На вториот ден од концертот гости беа пејачката Милица Тодоровиќ и музичката група Лексингтон Бенд.

– Оваа вечер ќе ми остане засекогаш во сеќавање, такви моменти се она за што живееш – рече Саша Матиќ неколку минути по завршувањето на концертот, а публиката извика „Саша, те сакаме“, а потоа Матиќ им се обрати на присутните медиуми:

– Споделивме не само музика, туку и најискрени емоции. Бевме во ова заедно од првата до последната нота, па затоа голема благодарност до мојата публика од се срце. Тешко е да се опишат заедништвото и љубовта што ги чувствував на сцената, трнењето ми се провлекуваше низ телото. Сега морам да ги наполнам батериите бидејќи не очекувам ништо помалку од мојата публика на следните концерти – заклучи пејачот.

📸