Неверојатно видео од улична тепачка го обиколи светот. Пред влезот на еден „Мекдоналдс“ во Велика Британија изби тепачка во која главна улога има поранешен 92-годишен боксер. Неколку луѓе го нападнаа дедото, не знаејќи дека е подготвен да возврати.

Конфронтацијата траеше неколку минути, а виталниот старец успеа да ги нокаутира двајцата напаѓачи. Во неколку наврати ги испрати двајцата на земја и не се откажа. Му се допадна борбата, па секој пат се враќаше да ја доврши работата.

На крајот малку му снемало сила, па едно момче успеало да го собори, но за разлика од ривалите, дедото брзо се вратил на нозе. Една жена упорно се обидувала да ја прекине тепачката, но воинствениот старец ја оттурна, сакајќи да им покаже на „мангупите“ со кого си фатиле работа

Во описот на видеото кое ги запали социјалните мрежи, се наведува дека старецот има 92 години и дека порано професионално боксувал, но неговото име не се открива.

Многу корисници на социјалните мрежи изразија сомнеж дека овој човек е навистина толку стар, бидејќи е неверојатно подвижен и силен за своите години.

Едно е сигурно, им одржа лекција на многу помладите од него …