Несреќна жена тешко настрада откако попладнево откако испаднала од автомобил додека бил во движење. Според полицијата, бизарната несреќа се случила во Хрватска, помеѓу Пожега и Велика кај Тренково.

Во оперативно-комуникацискиот центар на СВР Пожега, велат дека несреќата се случила на крстосницата од улиците Мирогојска и Тренкова.

– Патничка испаднала од автомобил во движење, посочуваат од Полициската управа.

На местото на несреќата веднаш била упатена итна медицинска помош. Според неофицијални информации жената е тешко повредена. Полицијата моментално извршува увид, по што ќе се знаат повеќе информации за немилиот настан.