Парче карпа паднало и го удрило во главата 45 годишен Србин во петокот попладне за време на излет на реката Ахерон во Грција, јавуваат грчките медиуми, пренесува „Блиц.рс“.
Како што пренесуваат локалните медиуми, цитирајќи ги зборовите на лекарот од болницата во Превеза, мажот бил придружуван од сопругата и детето на излет на реката Ахерон, кога парче карпа се откинало и го удрило во главата, по што паднал на земја.
Семејството на 45-годишниот веднаш повикало помош, додека несреќниот турист лежел на земја облеан во крв, пренесуваат медиумите.
Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Превеза, каде по првите прегледи бил префрлен на понатамошно болничко лекување.
Be the first to write a comment.