Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек не престануваат да ја интригираат јавноста со турбулентниот однос и постојаните расправии кои редовно завршуваат во сите светски медиуми.
Пред само неколку дена цел свет го виде видеото од крајно исфрустрираниот Бен Афлек, кој ѝ ја отвори вратата од автомобилот на својата сопруга, латино дивата Џенифер Лопез, а потоа силно ја треска, што започна многу шпекулации за тоа дали се е во најдобар ред меѓу холивудските ѕвезди.
Имаше и такви кои коментираа дека Афлек е најнесреќниот сопруг во забавната индустрија и не беа оптимисти за нивната брачна хармонија.
@dailymail Any body language experts in the audience? Head to DailyMail.com for more #jlo #jenniferlopez #benaffleck #bennifer #fyp #dailymail ♬ original sound – Daily Mail
Во врска со ова, сега се појави уште едно видео кое потврдува дека навистина постојат проблеми во бракот на славниот пар. Имено, турист на британскиот таблоид „Дејли мејл“ му доставил видео на кое јасно се гледа уште една тензична расправија во јавноста. Во него, парот кој е во брак од јули минатата година, се гледа како седи во автомобил на Беверли Хилс и додека чекаат зелено светло на семафорот, влегуваат во жестока расправија.
Бен, кој бил зад воланот, видно изнервиран ѝ се обраќал на Џенифер, која во тој момент седела на совозачкото седиште. Беше јасно дека двајцата се расправаат за нешто и беа толку занесени во разговорот што не обрнувале внимание дали има некој наоколу што може да ги слушне и види.
Be the first to write a comment.