Џејмс Лејнхард стана вирален на ТикТок минатиот месец кога им откри на своите следбеници дека треба да избегнуваат спиење на стомак во текот на ноќта.

Во видеото кое има над 4 милиони лајкови, Џејмс ја демонстрирал положбата која вклучува повлекување на едното колено кон стомакот, додека рацете се поставени на двете страни на перницата.

„Го ротирате вратот, го вртите. Ја подигнувате главата и се борите против сите природни кривини на ‘рбетот. Ги притискате пршлените, а тоа резултира со болки во вратот и грбот“, вели овој експерт за држење на телото.

Потоа употребил модел на костур за да ги покаже ефектите од популарната положба за спиење врз телото. Многумина коментирале под видеото дека тоа навистина им е омилена положба за спиење, но дека чувствуваат последици.

„Нема да лажам, по години спиење во оваа положба имам проблеми со вратот“, гласи еден коментар.

Лејнхард дополнително објавил видео во кое им вели на луѓето да спијат на колк, со тоа што помеѓу колената ќе стават една перница за поддршка на колкот, а другата ќе ја прегрнат за да го опуштат притисокот од рамото.