По земјотресот од 4,9 степени во централниот дел на грчкиот остров Евија состанок ќе одржи специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, со цел да се испита сеизмичката активност во конкретната област.

Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас соопшти дека откако стапил во контакт со министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, ја свикал надлежната научна комисија „со цел да се испита сеизмичката активност во областа Псахна – Халкида и да се покренат следните активности“.

Епицентарот на земјотресот беше токму во овие делови на островот Евија и не е поврзан со оној од 5 степени регистриран на 29 ноември во морскиот дел источно од Евија.

Според грчките сеизмолози, станува збор за познат расед, што може да предизвика и поголем земјотрес.

Денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран кусо пред 14.30 часот по локално време, епицентарот беше на Евија, на околу 65 километри од Атина, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека не се пријавени ниту материјални штети, ниту добиле повици за помош на граѓани.

– Не сме сигурни дека главниот земјотрес бил со јачина од 4,9, велат експертите.

Потресите предизвикуваат загриженост кај жителите, а експертите остануваат на готовност за развојот на ситуацијата.

Земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтер се случи во 14:24 часот, на 65 километри северно од Атина и 5 километри источно од Псачни Евија. Раседот им е познат на сеизмолозите кои посочуваат дека предизвикал земјотреси со средна големина во 2003 и 2008 г.

– Афтершоковите што ќе следат може да достигнат иста големина, нагласуваат сеизмолозите.

Во првиот час се забележани најмалку осум последователни потреси. По него следеше помал потрес од 2,4 Рихтер, а набргу потоа поинтензивен последователен потрес од 3,5 Рихтер беше почувствуван и во Атика и нешто помал со јачина од 3,2 Рихтер.

Сите потреси биле во ист епицентар, на 4 до 7 километри источно-југоисточно од Псачни. Во околината е евидентирана помала материјална штета во продавници, а паднале и излози.