Семејството на малата Евангелија од соседна Грција, која почина на само 2,5 години од компликациите од коронавирусот, падна во жалост по големата трагедија.

2,5 годишното девојче било интубирано во болницата во Коринт, каде било префрлено два дена по заразувањето со Ковид-19 и лекарите три часа се бореле да ја одржат во живот.

Интубирана, со возило на Итна помош била пренесена во детската болница „Панајотис и Аглаја Киријаку“ во Атина. Евангелија била хоспитализирана во ИЦУ во болницата, но не успеала да преживее. Имаше само 1% шанси да живее.

Таткото на малото девојче шокиран и во голема тага проговорил за она што ги снајде. Во изјава за АНТ1, таткото на детето рече дека лекарите објавиле дека девојчето има 1% шанси да преживее, бидејќи компликациите од коронавирусот постепено уништувале различни системи на нејзиното тело.

„Детето од коронавирусот собра течност во черепот. Воспалението не е во десната или левата мозочна хемисфера, туку е во централната оска на черепот и лекарите не можеа ништо да направа. Малку по малку го парализира нервниот систем на детето. Детето е силно, неговото мало срце може да издржи“ со солзи во очите рекол пред неколку дена таткото на девојчето, велејќи дека сите се молдлд таа да живее.

Таткото, зборувајќи низ липање, им се заблагодарил на лекарите во болницата Коринт и на сите оние кои се молеле со семејството за да може девојчето да ја добие битката за својот живот.