Пејачката Емина Јаховиќ е позната по својата убавина. Пред нејзината пејачка кариера, Емина беше успешна манекенка и се натпреваруваше за титулата „Мис Универзум“. Сепак, пејачката сега реши да го поправи својот изглед и многу да го промени.

Освен што ја осветли косата, пејачката целосно го промени и лицето. На прв поглед многумина мислеа дека таа само претерала со шминката, но бидејќи имала минимална шминка на лицето, сите се прашувале на какви естетски корекции подлегнала.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Емина десет дена пред доделувањето на анградите го посетила својот лекар во Истанбул, каде направила јаболчници, ги затегнала очните капаци на лицето и вбризгала ботокс и го освежила со најновата метода – хијалуронска киселина.

Јаховиќ никогаш не криела дека физичкиот изглед и е многу важен, а благодарение на сите естетски зафати пејачката сега изгледа речиси двојно помладо. Како што пренесуваат медиумите, таа овој пат наводно потрошила дури 15.000 евра за разубавување.

– Секоја жена сака да изгледа убаво, покрај мајка ми имав пример дека треба да се грижам за своето тело, лице, душа. Мојата работа е таква што морам да изгледам убаво на сцената, иако приватно сакам да шетам без шминка и да бидам опуштена – изјави Емина.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸