На 20.12.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во фирма на бул.„Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Навивачката група Комити вчера информираше дека животот го загубил нивниот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Засекогаш дел од нас! 🔴⚫️, информираат од навивачката група.