Популарниот црногорски пејач Бобан Рајовиќ проговори за масакрот во Цетиње и е прв пејач кој поради страшната трагедија го откажа својот настап.
Имено, тој на својот Инстаграм профил го напиша следново:
– Добри мои, немам ниту срце, ниту душа, ниту образ, немам волја да пеам вечерва. Нема поискрен и подиректен начин да ви кажам од ова. Душата ме боли за луѓето, несреќните луѓе кои денеска загинаа од рацете на човек во Цетиње – напиша тој, па додаде:
– Настрадаа 11 невини, беа убиени. Што се однесува до мене, денот на жалост започна во тој момент, а не кога официјално ќе го прогласат.
– Толку многу датуми има до крајот на летната турнеја, ќе се дружиме и пееме, но не вечерва. Моето срце и мисли се со семејствата на жртвите, чувајте се, добри луѓе – напиша тој на својот Инстаграм профил.
Be the first to write a comment.