Триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ денеска во Цетиње уби десет лица, по што беше убиен.
Дежурната обвинителка Андријана Настиќ за ТВ Вијести по истрагата изјави дека на лице место пронашле девет мртви, а од Клиничкиот центар добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.
Загинаа и две деца, а меѓу шесте хоспитализирани – две во Цетиње и четири во КЦЦГ – има и полицаец. Како што рече Настиќ, напаѓачот бил убиен од негов сограѓанин.
Директорот на полициската управа Зоран Брѓанин соопшти дека напаѓачот пукал во семејство чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина.
„Тој во таа прилика со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзеде животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото единаесет и ја рани нивната мајка, која им подлегна на повредите во медицинска установа. Потоа излегол надвор и со истото огнено оружје пукал во жителите на оваа населба, по што им ги одзел животите на уште седум лица, а шестмина ранил“, рече Брѓанин.
Премиерот Дритан Абазовиќ и министерот за здравство Драгослав Шќекиќ го посетија КЦЦГ, разговараа со директорката Лилјана Радуловиќ, а потоа заминаа за Цетиње.
Радуловиќ за медиумите изјави дека во таа институција се примени четири повредени лица, од кои тројца се во животна опасност.
Абазовиќ најави дека ќе биде прогласена тридневна жалост на национално ниво.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.