Азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот во новиот конфликт во кој има човечки жртви. Прекинот на огнот е договорен денеска од 09:00 часот по локално време.

– Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан од денеска во 09:00 часот по локално време – објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на свои извори.

Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација.

Ереван изјави дека азербејџанската армија ја гранатирала територијата на Ерменија користејќи артилерија и беспилотни летала.