По поројните дождови денеска водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори.

Вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Попладнево општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општина Долнени поплавени се неколку села – Лажани, Дебреште и Житоше, а најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори.

Во моментот ангажирани се два багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со три пожарникари со 1еднотеренско возило.

Градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески за МИА изјави дека сe поплавени 50 куќи во Лажани, дека нема повредени.

„Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи“, рече градоначалникот. Евакуирани граѓани вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели.

Според УХМР, најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

Вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.