Екипата на „ТВ24“ беше нападната пред куќата која била пријавена како место за престој на контроверзниот Украинец, Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство.

На социјалните мрежи беше објавена снимката од бруталниот напад од страна на сопственикот на куќата.

Сопственикот на куќата го истепа снимателот на „ТВ24“, па му го покажуваше половиот орган, а притоа користеше и пцовки.

Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24.

Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдуваат за ТВ 24 од истрагата. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвонителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.

Претходно од снимките се виде дека сопственикот на куќата на чија адреса е пријавен дека живее (иако Олександр Онишченко никогаш не бил во куќата, Украинецот гонет за корупциски скандали и проституција), најдрско и ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.