Сообраќајна несреќа се случи рано утрово на улицата позната како Пластичарска во Скопје.

Два автомобили се судрија при што од фотографиите евидентно е дека е причинета материјална штета, а засега нема информации дали во сообраќајната несреќа има и повредени лица.

Булеварот „Никола Карев“, познат како улица „Пластичарска” е една од најнебезбедните точки во градот, каде често пешаци страдаат пешаци кои ја поминуваат улицата на необележан пешачки премин.

Повеќе информации за сообраќајката која се случи утрово очекуваме од Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на денот.

📸

📸