Дојде ужасно тажна вест од Малта, каде во сообраќајка животот го загуби младиот М.К. (32), додека поради финансиски потешкотии семејството моли за помош кој колку може да донира хуманитарно, за да може достојно телото на починатиот да биде транспортирано до Македонија.

На социјалните мрежи веќе се мобилизираат добри луѓе и ја споделуваат трансакциската сметка на име од неговиот брат, ЕМБГ бројот е сокриен поради можни злоупотреби.

Што се однесува за настанот, според „Малта Тајмс“ и тамошните медиуми несреќата се случила во градот Слиема кај месноста Трик ит-Тори, така што прелиминарните истраги на полицијата покажале дека имало судир помеѓу „Исузу Д-Макс“ автомобил управуван од 29-годишен Сириец од Марсаскала и „пиаџо веспа“ управувано од сега веќе починатиот македонец.

На мотоциклистот му била укажана прва помош на местото на несреќата, но и покрај тоа што бил итно пренесен во болницата Матер Деи, набрзо потоа им подлегнал на повредите.

Со тешки телесни повреди исто така се здобил 33-годишен Македонец кој бил сопатник на моторот.

📸