Двајца загинати и еден исчезнат е засега трагичниот биланс од падот на противпожарниот хеликоптер на Самос, јавувата грчките медиуми.

Хеликоптерот бил ангажиран на пожарот што избувнал на Самос собирајќи вода кога изгубил контрола и паднал во морето во областа Агиос Минас.

Романскиот пилот, првиот член на екипажот што го спаси крајбрежната стража, е жив и веќе е префрлен во Општата болница во Самос.

Другите двајца членови на екипажот се пронајдени во несвест и покрај напорите за реанимација починале, додека едно лице се уште се води како исчезнато. Противпожарниот хеликоптер Ми 8 е изнајмен од Украина и помагал во гаснењето на пожарот во Самос.

Самос е грчки остров во источниот дел на Егејското Море, јужно од Хиос, северно од Патмос и Додеканезите и крај брегот на западна Турција, од кој е одделен со теснецот Микале широк 1,6 километри.

Исто така, таа е посебна регионална единица на северноегејскиот регион и единствена општина во подрачната единица.

📸

📸

📸

📸