Пожарот што избувна на грчкиот остров Самос добива уште понепријатни димензии бидејќи падна противпожарен хеликоптер со четворица членови кои се обидуваа да го окализираат пожарот.
Противпожарниот хеликоптер Ми8 ангажиран од Украина падна во морето северно од Палеохори, покажува фотографијата објавена од порталот. Хеликоптерот бил испратен за да го изгасне пожарот на Самос кој беснее од 14.00 часот.
Хеликоптерот полетал од Самос во 16.39 часот, а несреќата се случила во 17.55 часот, додека во областа каде што се гаснел пожарот дувале ветрови од 6 бофори.
Екипажот се состоел од еден Романец, двајца Молдавци и еден грчки преведувач. Вториот Ми8 веднаш почна да ја пребарува областа, а пристигнал и бродот на крајбрежната стража. Последните информации се дека двајца преживеани се пронајдени.
Според она што го изјави за newsit.gr градоначалникот на Самос, Александрос Лимберис, хеликоптерот се симнал да наполни вода и штом се кренал изгубил контрола и паднал во морето.
Be the first to write a comment.