Дојава за поставена бомба утрово ги откажа сите летови од Меѓународниот аеродром во Скопје. Во моментот се прави евакуација на персоналот и на патниците од аеродромската зграда.

Цели за поставени експлозивни направи овие денови се основни и средни училишта, трговски центри и институции.

Вчерашниот ден беше со најмногу дојави за бомби во училиштата во земјава, откако започнаа заканите кон крајот на октомври. Над 50 основни и средни училишта во Скопје и Куманово вчера беа мети на закани по електорнски пат за поставени експлозивни напради.

Меѓу нив, 17 основни и 22 средни училишта од главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).