Нa 16.12.2022 околу 01.25 во угостителски објект на бул.„К.Ј.Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(40) и А.П.(45), двајцата од Скопје, дознава Центар.мк.

Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, тие сакале да фрлат бомба кон нив во објектот.

Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам. Нема повредени лица или било какви оштетувања. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.