Од одработени 89,24% од избирачките места, Ердоган води со 49,94 отсто наспроти Киличдароглу кој има 44,30 отсто од гласовите. За првпат од пребројуањето на гласовите, Ердоган падна под 50 отсто, што би значело дека нема да победи во првиот круг.

Третиот кандидат Синан Оган освоил 5,3 отсто од гласовите, додека пак Мухарем Инџе, кој се повлече од кандидатурата, моментално има помалку од половина процент од гласовите, односно 0,47%.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај.

Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.