Ким Јо-Џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун, откри дека неговиот брат се борел со коронавирус, односно имал температура во текот на избивањето на вирусот. За време на говорот, публиката плачела.

„Имаше висока температура додека бил во карантин, но на момент не можеше да лежи затоа што размислуваше за она за кое е одговорен“, рече Јо-Џонг, која ова го нарече „злосторство против човечноста“ и се закани на Сеул за одмазда.

Џонг-Ун прогласи победа над коронавирусот во средата, и за заразувањето ја обвини Јужна Кореја.

Северна Кореја беше меѓу првите земји кои веднаш по пандемијата целосно ги затвори границите. Оваа година земјата пријави прв случај на коронавирус.

Од 29. јули, Пјонгјанг нема пријавено нов случај.