Четиригодишно момче исчезнало во Турција за време на неговиот одмор во Анталија. На момчето од Велика Британија му се губи секаква трага откако отишло на одмор со мајка си!

Момче (4) од Велика Британија е пријавено за исчезнато во Турција. Во јуни годинава со мајка му отпатува во Анталија. Четиригодишниот Џорџ Џек Темперли Велс патувал од Дарлингтон со неговата мајка Броган Елизабет Темперли на 29 јуни оваа година.

Таму биле со таткото на момчето, Скот Најџел Велс (41).

Џорџ последен пат бил виден во областа Марина во Анталија. Полицијата веднаш се вклучила во потрагата и бара помош од секој што ќе го препознае момчето.