Пo кратко и тешко боледување, на 53-годишна возраст почина Жана Моровиќ Рудиќ, новинарка на ХРТ од центарот на Задар.
– Беше најпрепознатлива по живописните преноси во живо, неодоливата насмевка и веселост, а пред се – професионалец во работата, објави ХРТ.
Во ХРТ е од 2003 година, прво на Радио Задар, а потоа и на телевизија. Деталите за последното збогување семејството ќе ги соопшти подоцна.
Be the first to write a comment.