Дваесет и едногодишниот Урош Блажевиќ е уапсен откако синоќа во селата Дубона и Мало Орашје уби 8 и рани 14 лица. Ова е второ масовно убиство што ја потресе Србија за само 48 часа.

Како што дознава Република.рс, убиецот од Младеновац може да добие максимум 20 години затвор.

– Како што вели нашиот извор, тој не може да добие доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото сè уште немал 21 година и е класифициран како помлад полнолетник, објави Република.рс.