„МОДНА КАТАСТРОФА НА МЕСЕЦОТ: Пејачките позираа како во Холивуд- на едната и испаднаа градите, а на другата прстите од сандалите“. Со ваков наслов, влијателниот српски портал Блиц.рс вечерва излезе со критики за стајлингот на младите македонски пејачки Мартија СТанојковиќ и Антонија Гиговска, кои се појавиле на случување во Белград.

– Пејачките Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска вечерва се појавија на настан во главниот град, и ги покажаа своите нови изданија. Тие две преку шоу програмата „Пинкови ѕвездички“ стигнаа во центарот на вниманието на јавноста, а младите пејачки сега одиграа на картата на провокација и им ги свртеа погледите на сите присутни кои не можеа да се изначудат какви ги гледаат, пипува Блиц.рс.

Мартија носеше смела, зелена комбинација на облека која ги истакна нејзините гради, додека Антонија во преден план ги стави нозете и стомакот, а тие самоуверено позираа како холивудските ѕвезди.

📸

Премногу длабоко деколте и прсти кои постепено излегуваа од сандалите беа доволни тие две да бидат во центарот на вниманието.