На градските гробишта во Лакташ денеска е погребан младиот Младен Дулиќ од Лакташ, кој се самоуби поради снимка на која се исмејува на социјалните мрежи.
Плач и липање во семејството Дулиќ по загубата на саканиот син, брат, внук, братучед, пријател.
Младен Дулиќ си го одзеде животот во петокот, откако на социјалните мрежи беше објавена снимка на која го исмеваат за време на интервју за работа.
Траорниот молк денеска на градските гробишта во Лакташи, каде што беше погребан Младен Дулиќ (22), го прекинаа мајката Билјана и сестрата Драгана, кои во миг го загубија својот син, односно брат.
Семејството, пријателите и голем број граѓани беа присутни на последното испраќање на младиот човек со палење свеќи и погребна поворка на гробиштата, јавува Српскаинфо.
– Мама ќе дојде кај тебе, синко, има место – повторуваше ожалостената мајка која остана без синот кој не можеше да го издржи потсмевот поради видеото кое беше објавено на социјалните мрежи.
– Беше премногу слаб за овој суров свет, почивај во мир ангелу наш – ова се репликите со кои пријателите се збогуваа со Младен.
На погребот сестрата Драгана прочита песна на чии зборови никој не можеше да остане рамнодушен.
– Патувај Младен, оти од небото и дојде. Спиј мирно брате мој – ова се зборовите на сестрата која последен пат се прости од својот брат.
За потсетување, полицијата во Лакташи ги приведе В.Т и Д.К., поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено фотографирање.
Медиумите претходно објавија дека В.Т е работникот на пумпата кој на разговор за работа на бензинската пумпа го исмејувал младиот Младен Д.(22) и дека сето тоа неовластено го снимал.
После тоа видеото заврши на социјалните мрежи, а Младен, како што се верува, не можејќи да го издржи притисокот на јавноста, кренал рака на себе.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.