Вељко Тришиќ (44), работник на бензинска пумпа и Дражен Кудра (30) од Лакташи се уапсени поради видеото на кое се гледа Младен Дулиќ (22) од Лакташи, кој се самоуби во петокот.

Како што вели полициски извор за босанските медиуми, полицијата го обвинува Тришиќ дека го направил спорното видео, а Кудра дека го споделил на социјалните мрежи.

Полициското одделение Бања Лука соопшти дека го привеле В.Т. и Д.К. од Лакташи поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено фотографирање“.

„Кривичната истрага за горенаведените лица е во тек. Сите мерки и дејствија се преземени со согласност и под надзор на дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бањалука, кој изјави дека по комплетирање и документирање на случајот до Окружниот јавен Обвинителството Бањалука ќе поднесе пријава за сторено кривично дело против горенаведените лица“, соопштија од ПУ Бања Лука.

По распитот, осомничените според информациите ќе бидат пуштени на слобода.