Економскиот Иститут изгуби професионалец во сферата на образованието и науката, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците, студентите и сите оние со кои градеше успешен однос на соработка.
Заминувањето на проф. д-р Марија Таковска претставува голема загуба за сите нас. Нејзиниот ведар дух, хумор и харизматичност ќе останат вечно во нашето сеќавање.
Посмртните останки на проф. д-р Марија Таковска ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Горно Лисиче на 18.10.2022 година (вторник) од 11:30 до 12:30 часот, соопштуваат од Економски институт – Скопје, УКИМ.
Be the first to write a comment.