Грчкиот архимандрит Хрисостом Левојанис, вчера напладне беше пронајден мртов во својот дом, во близина на плоштадот Америка во поширокиот центар на Атина.

Според полициски извори, архимандритот (највисок чин во монашкиот ред бил) пронајден обесен. Првите докази укажувале дека се работи за самоубиство, но прегледот од страна на лекарот отворил и други сценарија.

– Начинот на кој жртвата била обесена не исклучува убиство, јавуваат грчките медиуми.

Случајот е преземен од Одделението за убиства на Атика, каде што ги истражува околностите за смртта. Според информациите на грчките медиуми, свештеникот има 63 години, додека за трагичниот настан биле информирани неговата мајка и брат, кои живеат во Аргос.