Повеќе од 200 граѓани на Србија утрово на социјалната мрежа ТикТок го следеа скандалозниот пренос во живо на породување од болницата ГАК Народен фронт во Белград. Тоа го објавила медицинска сестра на таа институција, која, според српските медиуми, веќе е суспендирана по забрзана постапка, јавува телевизијата Н1.

– Згрозен сум од човечката глупост и грубост. Утрово во 4:30, користејќи ја социјалната мрежа TikTok, наидов на пренос во живо на корисничкиот профил „instrumentarkajellenanf“. Пораѓањето во живо го следеа повеќе од 200 луѓе. Дали е можно како општество повеќе да немаме свест што е правилно, а што не? Дали е можно некој да мисли дека треба да се стримува нешто толку интимно како породувањето? Инстаграм профилот, како и сите лекари присутни на породувањето кои знаеја дека се емитува во живо, заслужуваат кривични, а секако и граѓански казни, напиша граѓанин кој го сподели скандалозното видео со Нова.рс за N1 Србија.

Снимањето и објавувањето на породувањето е строго забрането со Законот за здравствена заштита. Порталот Nova.rs пишува дека медицинската сестра со денови им најавувала на своите следбеници на TikTok дека ќе има можност да гледаат директен пренос од породувањето, а многу следбеници биле заинтересирани.

Меѓу нив имало и едно лице кое логично ја прашало дали има дозвола да снима бидејќи „да се фотографира и снима во болница е строго забрането“. Тоа лице доби никаков одговор од дрската медицинска сестра.